Инфо-код групацијата стана овластен сервисен центар на мобилни принтери

Инфо-код групацијата (Загреб, Скопје, Сараево, Белград) постанаа "PRS Zebra – овластен сервисен центар за мобилни принтери) Со овој договорен статус и е овозможено во своите сервисни центри да дава услуги за мобилните принтери QLn, ZQ, RW i MZ/iMZ, како и за сите идни Зебрини мобилни принтери.

Во секој сервисен центар на Инфо-код групацијата најмалку два овластени сервисни инжињери ќе имаат пристап до резервните делови за сервисирање на истите, со што ќе се овозможи брза сервисна интервенција, со што истите нема да се испраќаат во сервисните центри на Зебра низ Европа.

На клиентите на Инфо-код Зебра гарантира највисоко ниво на услуга и најсоодветна поддршка.Со можност на избор помеѓу две нивоа на севкупна покриеност - Essential и Select – понуда Zebra OneCare ќе ги задоволи вашите потреби и предвидени трошоци. А добра вест е и тоа дека сето наведено е достапно во сите локални канцеларии на Инфо-код.