Intermec SG10

Категорија: Рачни

Intermec SG10T е едноставен, поволен и доверлив рачен баркод читач, дизајниран за работи од мал и среден опсег.

Лесно ги чита сите вообичаени 1D баркодови. Без посебни поставки, без дополнителна опрема која би ви била потребна за да го комплетирате решението, без безжични врски со кои би сте се мачеле. Ваков директен пристап ви гарантира дека Intermec SG10T ќе биде најдобар и единствен избор ако сè што ви треба е читање на 1D баркодови.

Спецификации

Работни карактеристики

  • Работна температура: од 0°C (32°F) до 40°C (104°F)
  • Температура на чување: од -40°C (-40°F) до 60°C (140°F)
  • Светлост на работна околина: работи во канцелариски светлосни услови 50.000 лукси
  • Отпорност на паѓање: 26 паѓања на бетон од 1 m (3,28 стапки) висина
  • Отпорност на влага: работи 4 дена на 95% некондензирана релативна влажност
  • Ниво на заштита: IP30 (најмалку)

Физички карактеристики

  • Должина: 16,4 cm (6,46 инчи)
  • Ширина: 6,7 cm (2.64 инчи)
  • Висина: 5,4 cm (2,13 инчи)
  • Тежина: 105 g (0,23 lbs) (без кабел)

Извор на напојување

  • Напон: 5 vdc (не е потребен надворешен извор на напојување)
  • Струја во мирување: < 110mA
  • Струја при работа: < 200mA

Перформанси

  • Резолуција на кодот: 0,125mm/5mil кај код 39
  • Извор на светлина: црвен LED, 630 nm (црти на центрирање)
  • Брзина на скенирање: двонасочно линеарно пресликување/130 скенови во секунда
  • Длабина: +40°
  • Правец: ±20°

Брошури и поддршка

Категорија: Рачни