Motorola DS4208-HC
Категорија: РачниMotorola DS4208-HC може да вчитува 1D и 2D баркодови од идентификациски нараквици на пациентите, од лековите, чепчињата, вреќичките со крв, шприцовите за давање инјекции, епруветите со примероци, а исто така и од екрани на мобилни телефони и компјутери.
Овој поединечно набавлив уред е едноставен за употреба и со својата безгрешност може да ги поедностави работните процеси на сите подрачкја во вашите здравствени установи - од прием на болни и прием на лекови, преку собирање примероци, управување со инвентарот и исхраната на пациентите, па до нивното отпуштање од установата. Покрај тоа, благодарение на посебно обликуваното пластично куќиште и IP43 нивото на заштите, читачот DS4208-HC секогаш е подготвен за дезинфекција и овозможува сигурно бришење и чистење после секоја употреба.
Спецификации
Перформанси
- Приклучоци: IBM, Keyboard wedge, RS-232, USB
- можност за декодирање: 1D/2D/PDF417
- Начин на скенирање: во сите правци
- Технологија: Imager
Физички карактеристики
- Боја: бела
- Димензии: висина 17 cm (6,7 инчи), должина 9,3 cm (3,7 инчи), ширина 6,8 cm (2,7 инчи)
- Тежина: 172,9 g (6,1 унца)
- Жичан
- Рачен
Корисничко окружување
- Отпорност на осветлување во работна околина: нечувствителен на вообичаено внатрешно осветлување до 1600 лукси и на сончева светлина до 86.000 лукси
- Температура на чување: од -40° C (-40° F) до 70° C (158° F)
- Работна температура: од 0° C (32° F) до 40° C (104° F)
- Ниво на IP заштита: IP43
- Спецификации за отпорност на паѓање: издржува повеќекратни паѓања на тврда подлога од 1,83 m (6 стапки) висина, повеќе од 100 паѓања на собна температура
- Влажност: од 5% до 85% некондензирана релативна влажност