Datalogic Magellan 2300
Категорија: ВградливиБаркод читачот Datalogic Magellan 2300HS е посебно дизајниран за малопродажба во која се бараат врвни перформанси во компактен, водорамно положен уред.
Обликуван за примена на продажни места со среден и голем опсег, Magellan 2300HS е со пристапна цена и пред сè соодветен за аптеки, специјализирани продавници, помали и средни дуќани со намирници. Неговата ергономичност, пропусната моќ и перформансите на читање, се водечки во категоријата и го прават достоен претставник на познатииот квалитет и доверливост на Magellan.
Спецификации
Перформанси
- Приклучоци: IBM 46xx, Keyboard wedge, OEM (IBM) USB, RS-232, USB
- Брзина на мотор: 6000 rpm
- Висина на читање: 15,2 cm (6 инчи)
- Покажувач на отчитување: beeper (прилагодлив тон и јачина)
- Линии на отчитување: 18
- Опциска EAS можност: Checkpoint Systems (вградениот EAS хардвер ќе работи со моделите Counterpoint IX и Evolve D11)
- Опција: покажувач на добро отчитување Sensormatic (опциска можност)
Можност за декодирање
- 1D/линеарни кодови: ги препознава сите стандардни 1D кодови, вклучувајќи ги и линеарните GS1 DataBar кодови
Работни карактеристики
- Работна температура: од 10°C (50°F) до 40°C (104°F)
- Температура на чување: од -40°C (-40°F) до 70°C (158°F)
- Отпорност на влага: од 5 до 95% некондензирана релативна влажност
Физички карактеристики
- Димензии: 15,2 cm (6 инчи) x 15,2 cm (6 инчи) x 8,6 cm (3,4 инчи)
- Тежина: 1,1 kg (2,5 lbs)