Datalogic Magellan 8400

Категорија: Вградливи

Баркод читачот со двојна оптика Datalogic Magellan 8400 нуди најдобри перформанси кои можат да се најдат меѓу денес достапните петострани POS читачи.

Работната исполнителност ја зголемув а со тоа што постигнува извонредна брзина на почетно читање и претставува следен чекор на Magellan и нивната фамилија производи Datalogic во зголемувањето на продуктивноста при читањето баркодови, сопорувајќи ги со своите перформанси, доверливоста и вредноста сите претходни рекорди. Може да биде конфигуриран да работи како читач или како спој на читач и вага, благодарение на ексклузивната Datalogic патентирана All-Weighs тацна, што на касата обезбедува прецизно мерење на оној вид непакувана ("расфрлана") храна чија количина купувачите сами си ја одредуваат и пакираат. Кога станува збор за екраните, достапни се две можности: со еден или два екрана на носачот, за оние намени кои бараат едниот екран да го гледа купувачот, а другиот лицето кое работи на касата. За да може да се прилагоди што подобро на разните POS конфигурации, Magellan 8400 може да се набави во три различни модели: долг, среден и краток, кој е само читач.

Спецификации

Перформанси

  • Брзина на мотор: 6000 rpm
  • Приклучоци: IBM 46xx, Keyboard wedge (само читач), OEM (IBM) USB, RS-232, USB (само читач)
  • EAS порта: напојуван RS-232, далечински екран за вагата, подлога за вагата
  • Висина на читање: 15,2 cm (6 инчи)
  • Брзина на читање: до 5200 црти во секунда
  • Линии на отчитување: 52
  • Можност на отчитување: 5 страни
  • Зона на отчитување: 360°
  • Покажувач на отчитување: beeper (прилагодливи тон и јачина), LED за добро отчитување
  • Опциска EAS можност: Checkpoint Systems (вградениот EAS хардвер ќе работи со моделите Counterpoint IX и Evolve D11)
  • Опции: All-Weighs тацна за вагата, вградени Produce Lift Bar, Produce Rail

Можност за декодирање

  • 1D/линеарни кодови: ги препознава сите стандардни 1D кодови, вклучувајќи GS1

Работни карактеристики

  • Работна температура: од 10°C (50°F) до 40°C (104°F)
  • Температура на чување: од -40°C (-40°F) до 70°C (158°F)
  • Отпорност на влага: од 5 до 95% некондензирана релативна влажност

Физички карактеристики

  • Длабочина (под касата): 10,2 cm (4 инчи)
  • Должина (над касата): 13 cm (5,1 инч)
  • Ширина: 29,2 cm (11,5 инчи)
  • Должина:

  - модел 8401 (краток, само читач): 35,6 cm (14 инчи)
  - модел 8402 (среден, само читач): 40,1 cm (15,8 инчи)
  - модел 8403 (долг, само читач): 50,8 cm (20 инчи)
  - модел 8404 (среден, читач и вага): 40,1 cm (15,8 инчи)
  - модел 8405 (долг, читач и вага): 50,8 cm (20 инчи)

  • Потребно дотерување: единственмо калибрација
  • Капацитет: 15 kg (30 lbs)
  • Статичка тежина: до 68 kg (150 lbs)
  • Отстапување: до 0,005 kg (0,010 lbs)

Брошури и поддршка

Категорија: Вградливи