Bluebird Pidion BIP-1500

Категорија: Windows

Bluebird Pidion BIP-1500 е прв 3.5G преносен POS уред на светот со ниво на заштита IP54. Дизајниран за издржи работа во захтевни окружувања и да овозможи целосно сигурни платежни трансакции, BIP-1500 на корисниците им нуди револуционерна интеграција и можности.

Сестраноста на уредот Bluebird Pidion BIP-1500 во вашето работење е споредлива со онаа која ја има познатото џебно ноже со црвена боја. Овој високоефикасен повеќенаменски уред обликуван е за вашиот тим да добие повеќе решенија во еден уред. BIP-1500 е оптимизиран за дејности во кои се извршуваат трансакции на продажното место, се издаваат карти или пак каде има потреба да се печатат сметки или влезници на самото место на случувањето. BIP-1500 содржи многу стандардни и опциски можности: читач на баркодови, читач на магнетни ленти, RFID, печатар, можност за заднински PIN pad, батерија со проширен капацитет и биометриски читач на отисоци од прст. Овие можности му овозможуваат на вашиот тим да се занимава со тоа што треба таму каде што треба, користејќи само еден уред.

Спецификации

Перформанси

  • Процесор (CPU): PXA320, 806 MHz
  • Меморија: 256 MB RAM/512 MB ROM (до 1 GB)
  • Проширување за меморија: microSD - до 32 GB
  • SIM/SAM влес: 2 SIM/4 SAM
  • Оперативен систем (OS): Windows Mobile 6.5
  • Вид на екран: 3,5-инчен QVGA или VGA
  • Приклучок: USB 1.1 (домаќин и клиент)
  • Тастатура: нумеричка со 25 копчиња, QWERTY со 42 копчиња (опција)
  • Стандардна батерија: полнива, 7,4 V, 2000 mAh, Li-ion
  • Принтер: 2-инчен или 3-инчен термален (до 90 mm/s)
  • Фотоапарат: 3 мегапикесли
  • GPS (опција): вграден GPS, со мрежно независен A-GPS

Вградено радио

  • WWAN: GSM/GPRS/eGPRS/UMTS/HSDPA или CDMA
  • WLAN: IEEE 802.11 b/g
  • WPAN: Bluetooth Class II V1.2

Зачувување податоци

  • Читач на баркодови: 1D laser, 2D Imager или HD Imager
  • Читач на магнетни картички: ленти 1, 2, 3
  • Читач на IC картички: ISO 7816
  • Читач на RFID картички (опција): ISO 14443 A/B, ISO 15693

Физички карактеристики

  • Димензии: 2-инчен принтер - до mm 86,36 mm (3,4 инчи) ширина x 198,12 mm (7,8 инчи) висина x 45,72 mm (до 1,8 инчи) длабина; 3-инчен принтер - до 124,46 mm (4,9 инчи) ширина x 203,2 mm (8 инчи) висина x 50,8 mm (до 2 инчи) длабина
  • Тежина (со стандардна батерија): 2-инчен принтер - 560 g (1,25 lbs); 3-инчен принтер - 578 g (1,3 lbs)

Корисничко окружување

  • Температура на чување: од -30° C (-22° F) до 70° C (158° F)
  • Работна температура: од -22° C (-4° F) до 55° C (131° F)
  • Отпорност на паѓање: паѓање од 1,5 m (5 стапки) на челична површина
  • Степен на IP заштита: IP54

Брошури и поддршка

Категорија: Windows