Handheld Nautiz eTicket Pro

Категорија: Windows

Handheld Nautiz eTicket Pro е сестран рачен компјутер обликуван за платни трансакции и проверка на исправноста. Спојувајќи ја робусноста со малите димензии и водечките перформанси во категоријата, Nautiz eTicket Pro претставува совршен рачен компјутер за наплата во јавниот превоз.

Nautiz eTicket Pro е дизајниран за да обезбеди сè што ви е потребно за оптимални компјутерски перформанси на терен.Овој рачен компјутер со робусен изглед нуди сеопфатен пакет ненадминливи можности. Nautiz eTicket Pro пред сè го красат брзина и моќ. Неговиот молневито брз процесор Xscale, со 806 MHz, и 256 MB RAM и 512 MB flash меморија уште никој не ги надминал на пазарот на рачни компјутери. Покрај тоа што лесно може да го следи вашиот работен ритам, овој преносен компјутер е практичен и едноставен за употреба. Со Windows Mobile 6.1, полн VGA, екран читлив и при дневна светлина и батерија која со едно полнење трае подолго од целиот работен ден, Nautiz eTicket Pro ја изнесува ефикасноста на десктоп компјутерите од канцеларија директно на терен. Вградениот читач за паметни картички поддржува разни ISO14443 тип A/B RFID уреди. Неговата бесконтактна електронска врска меѓу картичката и читачот овозможува брз пренос кој е потребен за сигурносните и платежните системи.

Спецификации

Перформанси

  • Процесор: Marvell PXA320 Xscale 806 MHz
  • Меморија/диск: 256 MB RAM и 512 MB flash
  • Оперативен систем: Microsoft Windows Mobile 6.1
  • Екран: 3,5-инчен VGA TFT LCD, 480 x 640 пиксели, читлив и на дневна светлина
  • Тастатура: нумеричка
  • Батерија: полнива, Li-ion 4400 mAh, со однапред зададена поставка подготвена за целодневна работа
  • Поврзливост: USB домаќин/клиент - сериски (TTL), IrDA, Ethernet (преку подлогата која може да се набави како дополнителна опрема), влез за microSD
  • Фотоапарат: 3-мегапиксели со автоматско изострување и LED светло
  • Баркод читач: вграден 2D Imager

Стандарди за паметни картички

  • Фрекфенција на емитување: 13,56 MHz RF читање/пишување домет до 5 cm, зависно од тагот
  • Поддржани стандарди: ISO14443A, ISO14443B, ISO18092
  • Конектори: два внатрешни SAM приклучоци и еден SAM прилучок зад батериите

Комуникација

  • Bluetooth 2.0
  • Безжичен LAN: вграден 802.11b/g поддржува WEP, WPA, WPA2, компатибилност со CCX Cisco
  • Вграден GPS SiRF III
  • GSM/UMTS (HSDPA/EDGE)

Физички карактеристики

  • Димензии: 160 mm (6,3 инчи) x 80 mm (3,15 инчи) x 35,5 mm (1,4 инчи)
  • Тежина (со полнива батерија): 410 g (14,46 унци)

Корисничко окружување

  • Температура на чување: од -25°C (-13°F) до 70°C (158°F), MIL-STD-810G, постапка 501.4, MIL-STD 810G, постапка 502.4
  • Работна температура: од -20°C (-4°F) до 55°C (131°F), MIL-STD-810G, постапка 501.5, процедура II, MIL-STD 810G, постапка 502.4, процедури I, II и III
  • Отпорност на влага: MIL-STD-810G
  • Отпорност на паѓање: 26 паѓања од 1,8 m (6 стапки), MIL-STD-810G, постапка 516.5
  • Отпорност на вибрации: MIL-STD-810G, постапка 514.5
  • Отпорност на песок и прашина: IP65, MIL-STD-810G
  • Отпорност на вода: IP65, MIL-STD-810G
  • Отпорност на висина: 4572 m (15.000 стапки) при 22°C (73°F)

Брошури и поддршка

Категорија: Windows