Handheld Nautiz X5

Категорија: Windows

Handheld Nautiz X5 е сестран рачен компјутер кој во мало, но робусно пакување ги обединува водечките перформанси во својата категорија. Nautiz X5 е дизајниран за да обезбеди сè што ви е потребно за оптимално компјутерски перформанси на терен. Со него добивате комплетен пакет ненадминливи можности во уред со робусна надворешност.

Nautiz X5 е брз и моќен. Неговиот молневито брз процесор Xscale, со 806 MHz, работна меморија од 256 MB и 512 MB flash меморија го прават преносен компјутер кој може да го следи вашиот работен ритам, а притоа е практичен и едноставен за употреба. Со Windows Mobile 6.1, полн VGA, екран читлив при дневна светлина и батерија која со едно полнење трае подолго од целиот работен ден, Nautiz X5 ефикасноста на десктоп компјутерите ја изнесува директно на терен. Овој рачен компјутер толку е издржлив и лесно пренослив што можете да го понесете каде што ќе посакате. Неговото ниво на заштита IP65 значи дека уредот е водонепропуштлив и непристапен за прашина, а може да издржи паѓање од 1,8 метри и да работи при големи температурни разлики. Тежок е само 390 грама и лесно ви застанува на дланката.

Спецификации

Перформанси

  • Процесор: Marvell PXA320 Xscale 806 MHz
  • Меморија/диск: 256 MB RAM и 512 MB flash
  • Оперативен систем: Microsoft Windows Mobile 6.1
  • Екран: 3,5-инчен VGA TFT LCD, 480 x 640 пиксели, читлив и на дневна светлина
  • Тастатура: нумеричка, опција QWERTY
  • Батерија: полнива Li-Ion 4400 mAh, со однапред зададена поставка подготвена за целодневна работа
  • Поврзливост: USB домаќин/клиент, сериски (TTL), влез за MicroSD
  • Фотоапарат: 3-мегапиксели со автоматско изострување и LED светло
  • Баркод читач: стандарден 1D Laser, опција 2D Imager

Комуникација

  • Bluetooth 2.0
  • Безжичен LAN: вграден 802.11b/g поддржува WEP, WPA, WPA2, компатибилност со CCX Cisco
  • Вграден GPS SiRF III со Instant Fixom II
  • GSM/UMTS (HSDPA/EDGE)

Физички карактеристики

  • Димензии: 160 mm (6,3 инчи) x 80 mm (3,15 инчи) x 35,5 mm (1,4 инчи)
  • Тежина (со полнива батерија): 390 g (0,86 lb)

Корисничко окружување

  • Температура на чување: од -25°C (-13°F) до 70°C (158°F), MIL-STD-810G, постапка 501.4, процедура II, MIL-STD 810G, постапка 502.4, процедури I, II и III
  • Работна температура: од -20°C (-4°F) до 55°C (131°F), MIL-STD-810G, постапка 501.4, процедура II, MIL-STD 810G, постапка 502.4, процедури I, II и III
  • Отпорност на паѓање: 26 паѓања од 1,8 m (5,9 стапки), MIL-STD-810G, постапка 516.5, процедура IV
  • Отпорност на вибрации: MIL-STD-810G, постапка 514.5, процедури I и II
  • Отпорност на песок и прашина: IP65, MIL-STD-810G
  • Отпорност на вода: IP65, MIL-STD-810G
  • Отпорност на висина: 4572 m (15.000 стапки) при 22°C (73°F)

Брошури и поддршка

Категорија: Windows