Handheld Nautiz X7

Категорија: Windows

Handheld Nautiz X7 претставува пример за развој на рачни компјутери. Опремен со иновативна и напредна технологија, тој со својот спој на сила, функционалност и робусност надминува сè друго на пазарот. Nautiz X7 може за вас да изврши сè што е потребно - дури и некои работи за кои можеби не сте знаеле дека би можеле да ги извршите.

Перформансите почнуваат со брзината и силата, а Nautiz X7 нуди процесор Xscale, со 806 MHz, работна меморија од 128 MB и 4 GB flash меморија. Овој “работлив коњ” спремен е да ја извршува задачата на терен во текот на целиот ден, па и подолго, благодарение на литиум-јонската батерија со капацитет 5600 mAh, која со едно полнење може да работи и до 12 часа. Ниту еден друг рачен компјутер не уди повеќе простор за чување на податоците ни подолг работен век на стандардната батерија. Разбирливо е дека алатката која ја красат сите овие можности не би била од голема корист ако не е направена доволно издржлива за да можете да ја понесете каде што сакате. Со нивото на заштите IP67, ненадминлива меѓу рачните компјутери, робусниот Nautiz X7 е непропуштлив како за прашина така и за вода и може да издржи паѓање, вибрации и работни температури од -30°C до 60°C. Тежи само 490 грама и е доволно компактен за со него да управувате со една рака.

Спецификации

Перформанси

  • Процесор: Marvell PXA310 806 MHz
  • Меморија/диск: 128 MB RAM и 4 GB flash
  • Оперативен систем: Microsoft Windows Mobile 6.1 Classic, Microsoft Windows Mobile 6.1 Professional
  • Екран: 3,5-инчен VGA TFT LCD, 480 x 640 пиксели, читлив и на дневна светлина, 262K бои (18-битно), TMR технологија со позадинско LED осветлување
  • Тастатура: позадински осветлена нумеричка, екранска QWERTY
  • Батерија: батериски пакет Li-Ion 5600 mAh
  • Навигација: вграден чипсет GPS SiRF Star III, G-сензор, E-копас и висиномер
  • Фотоапарат: 3-мегапиксели со автоматско изострување и LED светло
  • Опции: RFID, баркод читач

Комуникација

  • Bluetooth 2.0
  • Безжичен LAN: вграден 802.11b/g поддржува AES, TKIP, WEP, WPA, WPA2
  • GSM/UMTS (HSDPA/EDGE)
  • вграден звучник и микрофон заради отстранување на бучавата

Физички карактеристики

  • Димензии: 179 mm (7 инчи) x 97 mm (3,8 инчи) x 37 mm (1,5 инчи)
  • Тежина (со полнива батерија): 490 g (17 унци)

Корисничко окружување

  • Температура на чување: од -40°C (-40°F) до 70°C (158°F), MIL-STD-810G, постапка 503.4, процедура I
  • Работна температура: од -30°C (-22°F) до 60°C (140°F), MIL-STD-810G, постапка 501.4, процедура II, MIL-STD 810G, постапка 502.4, процедури I, II и III
  • Отпорност на паѓање: 26 паѓања од 1,22 m (4 стапки), MIL-STD-810G, постапка 516.5, процедура IV
  • Отпорност на вибрации: MIL-STD-810G, постапка 514.5, процедура I
  • Отпорност на песок и прашина: IP67
  • Отпорност на вода: IP67
  • Отпорност на висина: 4572 m (15.000 стапки) при 22°C (73°F)

Брошури и поддршка

Категорија: Windows