Intermec CK70

Категорија: Windows

Денес курирската достава, испораката на пратки и пошта се трка со времето. Слабо осветелни камиони и магацини, оштетени баркодови, неисправни адреси, лоша покриеност на безжичната мрежа и екстремни временски услови, претставуваат предизвици на кои им нема крај и се голема пречка во настојувањето на купувачите да им се пружи подобра услуга. Кога станува збор за одбирање робусен преносен уред кој ќе може да ви помогне да ги остварите своите цели, често се среќавате со нови предизвици и прашањето: “Како без отстапки да ги задоволите потребите и склоностите на информатичкиот оддел, производството и корисниците на уредот?” Intermec е прв кој со својот робусен преносен компјутер CK70 нуди бескомпромисно решение. Intermec CK70 на вашите предизвици одговара со можностите на уредите од најновата генерација, кои се наменети за зголемување на ефикасноста и нудат досега невидена доверливост при работа со програмите кои ја следат испораката и го потврдуваат нејзиното извршување, дури и во најзахтевните услови.

Спецификации

Перформанси

  • Микропроцесор: Texas Instruments 1 GHz процесорска архитектура
  • Меморија и чување податоци: 512 MB RAM (расположиви 384 MB), 1 GB flash ROM (расположиво 800 MB), на корисникот му е достапен и micro-SD влез за дополнителна мемориска картичка до 32 GB
  • Оперативен систем: Microsoft Windows Embedded Handheld 6.5
  • Екран: 8,9 cm (3,5 инчи), 480 x 640 пиксели, трансмисивен VGA, 65.536 бои (16-битно RGB), позадинско LED светло, сензор за светло на окружување, високоотпорен екран чувствителен на допир
  • Напојување: менлива и полнива батерија Li-Ion 3,7 V, 5200 mAh (18,5 Wh) компатибилна со IEEE 1725 стандардот
  • Глобален систем за положба: вграден 12-канален GPS, самостоен начин на работа, независен од мрежа; поддржува потпомогната работа со помош на WAN
  • Брзиномер: вградениот брзиномер овозможува автоматски или програмски зададени карактеристики како вртење на екранот или прекинување со работа ан системот
  • IrDA
  • Вграден Bluetooth Class II, верзија 2.1+EDR
  • Тастатура: голема алфа, алфанумеричка (двете варијанти имаат позадински осветлени копчиња со ласерски изгравирани знаци)
  • Фотоапарат: 5-мегапиксели, во боја, со автоматско изострување и LED светилка
  • Читач на баркодови (опција): 2D Imager EA30 со високи преформанси и толеранција на движење, бело LED осветлување, црвен ласерски нишан со рамка, прилагоден на сите светлосни услови, агол на читање: 35 степени удолу, способен е да ги чита сите вообичаени 1D и 2D баркодови - 1D веќе од 0,127 mm (5 mil), PDF веќе од 0,168 mm (6,6 mil), Data Matrix веќе од 0,191 mm (7,5 mil), а стандардни UPC кодови од оддалеченост од 33 cm (13 инчи)
  • Развој на програми: Intermec Developer Library (www.intermec.com/dev)
  • Апликации и компоненти: VERDEX (собирање и проверка на податоци темелени врз imaging), eMDI (Mobile Document Imaging)
  • Управување со податоци: Skynax Mobile Communications
  • SmartSystems управување со уредот: Intermec SmartSystems поддршката вклучува припрема на уредите ScanNGo - самостојно или заедно со софтверот за управување со уреди од партнерскиот програм Intermec ISV
  • SmartSystems надзор за правилна работа и состојба на уредот: далечинскиот пристап ја бара опцијата SmartSystem Management

Физички карактеристики

  • Висина: 4,3 cm (1,69 инчи)
  • Должина: 23,7 cm (9,33 инчи)
  • Ширина: 8 cm (3,16 инчи), 6,42 cm (2,53 инчи) - фатиште
  • Тежина: 562 g (19 унци) со батерија

Работни карактеристики

  • Работна температура: од -20°C (-4°F) до 60°C (140°F)
  • Температура на чување: од -30°C (-22°F) до 70°C (158°F)
  • Температура на полнење: од 5°C (41°F) до 35°C (95°F)
  • Отпорност на влага: 95% некондензирана релативна влажност
  • Отпорност на дожд и прашина: IP67
  • Отпорност на паѓање: паѓање од 2,4 m (8 стапки) висина на бетон според MIL-STD 810G стандардот, паѓање од 1,8 m (6 стапки) висина на бетон при распон на работна температура според MIL-STD 810G стандардот
  • Отпорност на превртување: 2000 превртувања од 1 m (3,2 стапки) висина според IEC 60068-2-32 спецификацијата
  • Електростатичко празнење: +/- 15 kV воздушно празнење, +/- 8 kV директно празнење
Категорија: Windows