Intermec CK71

Категорија: Windows

Да се постави рамнотежа меѓу управувањето со трошоците, од една страна, и задовослството на купувачите, од друга, бара вистинска подвижност на синџирот за набавка. За да успеете тоа да го постигнете, вашите вработени мора да бидат исто толку подвижни и способни на секоја ситуација да одговорат на брз, самоуверен и соодветен начин. Меѓутоа, пронаоѓањето оптимално деловно решение, во вид на робусен преносен уред со кој ќе ја постигнете саканата брзина, често може да претставува дополнителен напор во барањето рамнотежа. Како, значи, без отстапки и жртви да ги задоволите потребите на одделот за производство, корисничците на уредите и информатичкиот оддел? Intermec е прв кој со својот навистина робусен преносен компјутер CK71 нуди бескомпромисно решение. Покрај тоа што е 31% помал и полесен од останатите уреди во својата посебна робусна класа, Intermec CK71 е оптимизиран за вашето магацинско и дистрибуциско окружување благодарение на примената на првокласни материјали наменети за индустријата, со кои е постигната совршена рамнотежа меѓу робусноста и издржливоста. Кон сето тоа треба да се придодадат и можностите на уредите од најновата генерација, кои гарантираат флексибилност и подвижност, дури и во најзахтевни услови.

Спецификации

Перформанси

  • Микропроцесор: Texas Instruments 1 GHz процесорска архитектура
  • Меморија и чување податоци: 512 MB RAM (расположиви 384 MB), 1 GB flash ROM (расположиво 800 MB), на корисникот му е достапен и micro-SD влез за дополнителна мемориска картичка до 32 GB
  • Оперативен систем: Microsoft Windows Embedded Handheld 6.5
  • Екран: 8,9 cm (3,5 инчи), 480 x 640 пиксели, трансмисивен VGA, 65.536 бои (16-битно RGB), позадинско LED светло, сензор за светло на окружување, високоотпорен екран чувствителен на допир
  • Напојување: менлива и полнива батерија Li-Ion 3,7 V, 5200 mAh
  • Тастатура: нумеричка со функциски копчиња, алфанумеричка (двете варијанти имаат позадински осветлени копчиња со ласерски изгравирани знаци)
  • Читач на баркодови (опција):
    - линеарен Imager EV12 со ласерски нишан, способен е да ги чита 1D баркодовите во рамки на стандардниот домет
    -2D Imager EA30 со високи преформанси и толеранција на движење, бело LED осветлување, црвен ласерски нишан со рамка, прилагоден на сите светлосни услови, способен е да ги чита сите вообичаени 1D и 2D баркодови - 1D веќе од 0,127 mm (5 mil), PDF веќе од 0,168 mm (6,6 mil), Data Matrix веќе од 0,191 mm (7,5 mil), а стандардни UPC кодови од оддалеченост од 33 cm (13 инчи)
    - 2D Imager EX25 блиску/далеку, способен е да ги чита 1D и 2D баркодовите од одалеченост од 15,2 cm (6 инчи) до 15,2 m (50 стапки)
  • Апликации и компоненти: VERDEX (собирање и проверка на податоци темелени врз imaging), eMDI (Mobile Document Imaging), Intermec Client Pack (терминал емулатор/прелистувач)
  • Управување со податоци: Skynax Mobile Communications
  • SmartSystems управување со уредот: Intermec SmartSystems поддршката вклучува припрема на уредите ScanNGo - самостојно или заедно со софтверот за управување со уреди од партнерскиот програм Intermec ISV
  • SmartSystems надзор за правилна работа и состојба на уредот: далечинскиот пристап ја бара опцијата SmartSystem Management

Физички карактеристики

  • Висина: 5 cm (1,98 инчи)
  • Должина: 23,7 cm (9,33 инчи)
  • Ширина: 8 cm (3,16 инчи), 6,42 cm (2,53 инчи) - фатиште
  • Тежина: 584 g (19,75 унци) со батерија

Работни карактеристики

  • Работна температура: од -20°C (-4°F) до 60°C (140°F), уредот може краткотрајно да биде изложен на температура до -30°C (-22°F)
  • Температура на чување: од -30°C (-22°F) до 70°C (158°F)
  • Температура на полнење: од 5°C (41°F) до 35°C (95°F)
  • Отпорност на влага: 95% некондензирана релативна влажност
  • Отпорност на дожд и прашина: IP67
  • Отпорност на паѓање: паѓање од 2,4 m (8 стапки) висина на бетон според MIL-STD 810G стандардот, паѓање од 1,8 m (6 стапки) висина на бетон при распон на работна температура според MIL-STD 810G стандардот
  • Отпорност на превртување: 2000 превртувања од 1 m (3,2 стапки) висина според IEC 60068-2-32 спецификацијата
  • Електростатичко празнење: +/- 15 kV воздушно празнење, +/- 8 kV директно празнење
Категорија: Windows