Intermec CN51

Категорија: Windows

Кога работата бара подвижна и добро информирана мобилна работна сила со овластувања, секогаш е паметна идејата во раце да им се дадат флексибилни, повеќенаменски технолошки алатки.

Преносниот компјутер Intermec CN51 во еден уред нуди разновидност без конкуренција, овозможувајќи ви избор меѓу оперативните системи Windows или Android, придружени со моќен двојадрен процесор со сила од 1,5 GHz и со1 GB RAM и 16 GB flash меморија за постигнување на највисоки нивоа на изведба кои во догледно време тешко ќе бидат надминати. Дизајниран на корисниците да им понуди врвно искуство, големиот повеќедопирен екран на Intermec CN51 е читлив и на надворешна светлина и овозможува доволно простор за прегледување апликации со помалку прелистување и поголема продуктивност, а исто така и повеќе место за зачувување на уште почитливи потписи. Опремен е и со најсовремена технологија која ја користат паметните батерии, поради што батеријата може да потрае цела работна смена, па и подолго, без прекин за нејзина замена или повторно полнење, за работата да се заврши до крај.

Спецификации

Перформанси

  • Микропроцесор: Texas Instruments 1,5 GHz OMAP 4470 двојадрена процесорска архитектура
  • Меморија и чување податоци: 1 GB RAM, 16 GB flash, на корисникот му е достапен и micro-SD влез за дополнителна мемориска картичка до 32 GB
  • Оперативен систем: Microsoft Windows Embedded Handheld 6.5 или Android v4.1
  • Екран: 10,16 cm (4 инчи), 480 x 640 пиксели (WVGA), TFT-LCD екран (поддржува длабочина на бои до 24 bpp), позадинско LED светло, сензор за светло на окружување, високоотпорен екран чувствителен на допир
  • Напојување: пакет менливи и полниви паметни батерии Li-Ion 3,7 V, 3900 mAh, компатибилни со IEEE 1725 стандардот
  • Комуникациски приклучоци: USB - High Speed 2.0 Host, USB - High Speed 2.0 Client, безжичен LAN IEEE 802.11 a/b/g/n кај уредите кои немаат безжично WAN радио, IEEE 802.11 b/g/n кај преносните уреди
  • Безбедност: WiFi сертифициран за WPA и WPA2, WAPI сертифициран
  • Проверка на веродостојност: 802.1x
  • Cisco компатибилност: CCXv4
  • Енкрипција: WEP (64 или 128-битна), AES, TKIP
  • Безжичен PAN: вграден Bluetooth Power Class 1.5 Version 4 BLE
  • Глобален систем за положба (со WAN радио можноста): вграден 12-канален GPS, самостоен начин на работа, независен од мрежа; CP E911; протокол NMEA-0183 V2.3; чувствителност на следење подобра од -158 dBm; поддршка за GLONASS
  • Вградено радио: можности за безжичен WAN - UMTS/HSPA+ (глас и податоци) за целиот свет, со исклучок на двете Америки, Австралија и Нов Зеланд; UMTS/HSPA фрекфенции: 900, 2100 MHz, најголема брзина (зависно од мрежата): праќање податоци до 5,76 Mbps, а преземање до 14,4 Mbps; GSM/GPRS/EDGE фрекфенции: 900, 1800 MHz, најголеми брзини (зависно од мрежата): праќање податоци до 384 kbps преземање до 384 kbps
  • Тастатура: нумеричка, со 27 копчиња или QWERTY, со 43, позадински осветлена
  • Читач на баркодови (опција):
    -2D Imager EA30 со високи преформанси и толеранција на движење до 12,7 m/s (500 in/s), бело LED осветлување, црвен ласерски нишан со рамка, прилагоден на сите светлосни услови, способен е да ги чита сите вообичаени 1D и 2D баркодови - 1D веќе од 0,1016 mm (4 mil), a 2D веќе од 0,16764 mm (6,6 mil);
    -2D Imager EA31 со високи преформанси и толеранција на движење до 10,16 m/s (400 in/s), бело LED осветлување, црвен ласерски нишан со рамка, прилагоден на сите светлосни услови, способен е да ги чита сите вообичаени 1D и 2D баркодови - 1D веќе од 0,1016 mm (4 mil), a 2D веќе од 0,16764 mm (6,6 mil); подетални податоци за перформансите на уредот можете да најдете во корисничкото уптаство кое се добива со него
  • Вграден фотоапарат (опција): 5 мегапиксели, автоматско изострување, LED flash

Физички карактеристики

  • Должина: 16,4 cm (6,45 инчи) со батерија
  • Ширина: 7,4 cm (2,93 инчи) со батерија
  • Длабина: долниот дел на уредот - 2,8 cm (1,09 инчи) со батерија, горниот дел на уредот - 3,2 cm (1,26 инчи) со батерија
  • Тежина: 350 g (12,3 унци) со батерија

Работни карактеристики

  • Работна температура: од -10°C (14°F) до 50°C (122°F)
  • Температура на чување: од -20°C (-4°F) до 70°C (158°F)
  • Температура на полнење: од 5°C (41°F) до 35°C (95°F)
  • Отпорност на влага: 95% некондензирана релативна влажност
  • Отпорност на дожд и прашина: IP67
  • Отпорност на паѓање: 26 паѓања од 1,5 m (5 стапки) висина на бетон при распон на работна температура според MIL-STD 810G стандардот
  • Отпорност на превртување: 1000 превртувања од 0,5 m (1,6 стапки) висина при собна температура
  • Електростатичко празнење: +/- 15 kV воздушно празнење, +/- 8 kV директно празнење

Дополнителна опрема

  • Поддржана е сета дополнителна опрема за полнење на уредот CN50, како и модуларниот docking систем FlexDock, носач за прицврстување на возило, држач за возило, прилагодувачи за склопки, отстранлива дршка за читач на баркодови и читач на магнетни ленти

Брошури и поддршка

Категорија: Windows