Intermec CN70/70e

Категорија: Windows

Одбирањето оптимално деловно решение, робусен преносен уред кој ќе ги задоволи потребите на информатичкиот оддел, производството и корисниците на уредот, често не е можно да се спроведе без одредени отстапки: големина спроти робусност, тежина спроти век на траење на батерија, поддршка и одржување на различни уреди и платформи спроти решенија со еден напреден уред кој може да извршува различни задачи и функции… Бескомпромисниот дизајн на Intermeca CN70 и CN70e остварува вистинска функционалност и подвижност, совршено правејќи рамнотежа меѓу робусноста, издржливоста и ергономичноста. Дизајнот на обата уреди е оптимизиран за теренски окружувања кои бараат мобилност. CN70 претставува оптимално решение за мобилните работници кои работата на терен и за транспортните работници на кои им се потребни моќни перформанси во компактен уред. CN70e е исто моќно опремен компјутер, но со поголема тастатура, која го прави совршен кај испораките, во оние работни окружувања каде работниците можеби носат ракавици или имаат потреба за почесто внесување податоци.

Спецификации

Перформанси

  • Микропроцесор: Texas Instruments 1 GHz OMAP процесорска архитектура
  • Меморија и чување податоци: 512 MB RAM (расположиви 384 MB), 1 GB flash ROM (расположиви 800 MB), на корисникот му е достапен и micro-SD влез за дополнителна мемориска картичка до 32 GB
  • Оперативен систем: Microsoft Windows Embedded Handheld 6.5
  • Екран: 8,9 cm (3,5 инчи), 480 x 640 пиксели, трансмисивен VGA, 65.536 бои (16-битно RGB), позадинско LED светло, сензор за светло на окружување, високоотпорен екран чувствителен на допир
  • Напојување: менлива и полнива батерија Li-Ion 3,7 V, 4000 mAh, компатибилни со IEEE 1725 стандардот
  • Глобален систем за положба (со WAN радио можноста): вграден 12-канален GPS, самостоен начин на работа, независен од мрежа; поддржува поттпомогната работа преку WAN
  • Брзиномер: вградениот брзиномер овозможува автоматски или програмски зададени можности како вртење на екранот или прекинување со работа на системот
  • IrDA
  • Вграден Bluetooth Class II, верзија 2.1+EDR
  • Тастатура: нумеричка позадински осветлена, QWERTY (двете варијанти имаат копчиња со ласерски изгравирани знаци)
  • Вграден фотоапарат: 5 мегапиксели, автоматско изострување, LED flash
  • Читач на баркодови (опција):
    -2D Imager EA30 со високи преформанси и толеранција на движење, бело LED осветлување, црвен ласерски нишан со рамка, прилагоден на сите светлосни услови, агол на читање: 35 степени удолу, способен е да ги чита сите вообичаени 1D и 2D баркодови - 1D веќе од 0,127 mm (5 mil), PDF веќе од 0,168 mm (6,6 mil), Data Matrix веќе од 0,191 mm (7,5 mil), а стандардните UPC кодови од одалеченост од 33 cm (13 инчи)
  • Апликации и компоненти: VERDEX (собирање и проверка на податоци врз основа на imaging), eMDI (Mobile Document Imaging)
  • Управување со податоци: Skynax Mobile Communications
  • SmartSystems управување со уредот: поддршката Intermec SmartSystems вклучува подготовка на уредот ScanNGo - самостојно или заедно со софтверот за управување уреди од партнерскиот програм Intermec ISV
  • SmartSystems надзор на исправност при работата и состојбата на уредот: далечинскиот пристап ја бара опцијата SmartSystem Management

Физички карактеристики

  • Висина: 3,4 cm (1,34 инчи)
  • Должина: 16,9 cm (6,65 инчи)
  • Ширина: 8 cm (3,16 инчи)
  • Тежина: 450 g (15,9 унци) со батерија

Работни карактеристики

  • Работна температура: од -20°C (-4°F) до 60°C (140°F)
  • Температура на чување: од -30°C (-22°F) до 70°C (158°F)
  • Температура на полнење: од 5°C (41°F) до 35°C (95°F)
  • Отпорност на влага: 95% некондензирана релативна влажност
  • Отпорност на дожд и прашина: IP67
  • Отпорност на паѓање: паѓање од 2,4 m (8 стапки) висина на бетон според MIL-STD 810G стандардот, паѓање од 1,8 m (6 стапки) висина на бетон при распон на работна температура според MIL-STD 810G стандардот
  • Отпорност на превртување: 2000 превртувања од 1 m (3,2 стапки) висина според IEC 60068-2-32 спецификацијата
  • Електростатичко празнење: +/- 15 kV воздушно празнење, +/- 8 kV директно празнење
Категорија: Windows