Motorola Symbol MC3100

Категорија: Windows

Изградена на успехот на серијата MC3000, нова Motorola серија MC3100 донесува исплатливост и ефикасна мобилност и лесна корисничка употреба за клучни намени во четири ѕида.

Робусната и ергономична серија MC3100 нуди напредни компјутерски можности и чување на податоци, како и поголема сигурност и способност за откривање движење, подобрени за деловна класа. На корисниците на моделите од серијата MC3000 нема да им биде потребен никаков тренинг за работа со MC3100. Бидејќи MC3000, MC3100 и многу други Motorola преносни компјутери делат заедничка архитектонска платформа, поврзувањето на постојните апликации со MC3100 е брзо и лесно. Компатибилноста со постојната дополнителна опрема за MC3000 истотака гарантира мазно надоградување до последното ниво кога се во прашање преносните компјутери.

Спецификации

Перформанси

  • Процесор (CPU): Marvell PXA 320, 624 MHz
  • Меморија: 128 MB RAM/256 MB flash, 256MB RAM/512MB flash (само batch), 128MB RAM/512MB flash, 256MB RAM/1G flash (само WLAN)
  • Влез за дополнителна меморија: сместен е под батеријата и смее да се користри исклучива за проширување на меморијата, стандарден SD приклучок
  • Можност за складирање податоци: 1D ласер, 1D/2D imager, DPM
  • Оперативен систем (OS): Microsoft Windows Mobile 6.1 Classic, Microsoft Windows CE 6.0 Pro, Microsoft Windows Mobile 6.5 Classic Edition
  • Вид на екран: позадински осветлен 3-инчен TFT, екран во боја
  • Можности на копчиња: нумерички со 28 копчиња, Shifted Alpha со 38 копчиња, алфанумеричка со 48 копчиња
  • Сензор на движење: интерактивната сензорска технологија на Motorola (IST) благодарение на триосниот брзиномер ги открива движењета со што овозможува динамичко вртење на екранот, управување со потрошувачката на батеријата и препопзнавање на слободен пад
  • Звучни можности: VOWLAN, издржлив аудио конектор, начини на работа handset/headset, микрофон со звучник
  • Слушалки: Bluetooth, жичени
  • Известувања: звучни известувања, програмабилен LED
  • Напојување: главна (полнива, паметна) батерија - Brick/Imager или ласер Lithium Ion 3,7 V, 4800 mAh; Brick/ласер - ротирачка глава Lithium Ion 3,7 V, 2740 mAh; конфигурации Gun - Lithium Ion 3,7 V, 4800 mAh

2D imager

  • Нишанење (VLD): 655 ± 10 nm ласер (модели SE4500 SR и SE4500 HD)
  • Осветлување (LED): 625 ± 5 nm LEDs (2x) (модели SE4500 SR и SE4500 HD)
  • Поле на видливост: 38° хпризонтално и 25° вертикално (модел SE4500 SR), 39° хоризонтално и 25° вертикално (модел SE4500 HD)
  • Длабина: ±60° (модели SE4500 SR и SE4500 HD)
  • Правец: ±60° (модели SE4500 SR и SE4500 HD)
  • Агол: 360° (модели SE4500 SR и SE4500 HD)
  • Резолуција на сензор: 752 x 480 пиксели (модели SE4500 SR и SE4500 HD)

Линеарен 1D читач

  • Оптичка резолуција: најмала ширина на елемент 0,1016 mm (4 mil)
  • Агол на читање: 47° ± 3° зададено, конфигурациски стеснет агол: 35° ± 3°
  • Брзина на читање: 104 (+/- 12) скенови во секунда (двосмерно)

Комуникација

  • WLAN: радио Tri-mode IEEE 802.11a/b/g, CCXv4 сертифициран, поддршка за IPv6, FIPS140-2 сертифициран
  • WPAN (поддршка за Bluetooth): вградена антена, Class II, v2.1 со Enhanced Data Rate (EDR)

Физички карактеристики

  • Димензии: Brick/Imager или ласер 190,4 mm (7,49 инчи) x 82,6 mm (3,25 инчи) x 45,2 mm (1,77 инчи), а со дршка - 190,4 mm (7,49 инчи) x 61,2 mm (2,40 инчи) x 36,8 mm (1,44 инчи)
    Brick/ласер - ротирачка глава 217,12 mm (8,55 инчи) x 82,6 mm (3,25 инчи) x 39,9 mm (1,57 инчи), а со дршка - 217,12 mm (8,55 инчи) x 61,2 mm (2,40 инчи) x 29 mm (1,14 инчи)
    конфигурација Gun 193 mm (7,5 инчи) x 80,8 mm (3,2 инчи) x 166 mm (6,5 инчи)
  • Тежина: Brick/Imager или ласер (со батерија, stylus моливче, тастатура и каиш) 424 g (14,95 унци) со WLAN
    Brick/ласер - ротирачка глава (со батерија, stylus моливче, тастатура и каиш): 384 g (13,52 унци) со WLAN
    конфигурација Gun Brick/Imager или ласер (со батерија, stylus моливче, тастатура и каиш): 520 g (18,34 унци)

Корисничко окружување

  • Температура на чување: од -40° C (-40° F) до 70° C (158° F)
  • Работна температура: од -20° C (-4° F) до 50° C (122° F)
  • Влажност: од 5% до 95% некондензирана релативна влажност
  • Отпорност на паѓање: повеќератно паѓање од 1,22 m (4 стапки) висина на бетон при работна температура, повеќератно паѓање од 1,5 m (5 стапки) висина на бетон при температура на околина од 23° C (73° F) (не само што го задоволува воениот стандард (MIL-STD) 810G туку и го надминува)
  • Отпорност на превртување: 500 пати од 0,5 m (1,65 стапки) висина, што е споредливо со 1000 едноподруго паѓања при собна температура според тестот IEC 68-2-32
  • Отпорност на светлина во работно окружување: поднесува вообичаено внатрешно осветлување - флуоросцентно, LED, сијалици со влакна, со живини или натриумови пареи, со јачина 4844 лукси (450 Ft Candles), како и природна надворешна (директна сончева) светлина со јачина 86.111 лукси (8000 Ft Candles)
  • Електростатично празнење (ESD): ± 15 kV воздух, ± 8 kV допир, ± 2 kV индиректно
  • Степен на IP заштита: IP54 категорија 2 (ги задоволува или надминува IEC спецификациите за заштита)

Брошури и поддршка

Категорија: Windows