Motorola Symbol MC45

Категорија: Windows

Независно дали имате мал, среден или голем бизнис, работите ли на новорастечки пазар или на вашите теренски работници поправаат опрема, преземаат роба, продаваат или испорачуваат, на сите им е заедничка една работа - ској ден тие се ваша допирна точка со купувачите.

Колку брзо и колку добро ќе ги извршуваат своите задачи директно влијае на вашите приходи, задоволството на купувачите и нивната верност, но и на цената на трудот на вашата работна сила. Motorola Symbol MC45 претставува поволен начин на своите работници да им пружите во реално време информација која им е потребна за на лице место вистински да ја завршат задачата, спречувајќи можно губење на купувачи и слаби продажни резултати. Вашите работници добиваат убав за око, потрошувачки стилизиран уред, со кој можат да ракуваат со една рака, а заедно со тоа и можности, издржливост, сигурност и лесно управување кои се бараат во вашата работа.

Спецификации

Перформанси

  • Процесор (CPU): 600 MHz, ARM 11, MSM 7627
  • Меморија: 256MB RAM/1GB flash
  • Влез за дополнителна меморија: 32GB microSD кој поддржува и SD HC
  • Оперативен систем (OS): Microsoft Windows Embedded Handheld 6.5.3 Professional Edition
  • Вид на екран: позадински осветлен 3,2-инчен QVGA (240 x 320), читлив на надворешна светлина
  • Вид на допирен панел: поликарбонатен аналоген панел отпорен на допири
  • Можности на копчиња: нумерички со 26 копчиња
  • Известувања: вибрации, звучни известувања, повеќебоен LED
  • Сензор за светло: интерактивната сензорска технологија на Motorola (IST) автоматски го прилагодува потребното позадинско осветлување со она на околината за да се постигне најголема искористеност на енергијата
  • Сензор за близина: автоматски го препознава допирањето на главата на корисникот до уредот за време на телефонирање за да оновозможи одговор на екранот и внес со допир
  • Напојување: главна (полнива, паметна) батерија - Lithium Ion 3,7 V, 3080 mAh

Комуникација

  • Гласовна комуникација: VoWWAN, начин на работа handset со активно намалување бучава, вискоквалитетен микрофон со звучник, безжична (Bluetooth) поддршка за слушалки
  • WLAN: Wi-Fi 802.11a/b/g
  • WPAN (поддршка за Bluetooth): Class II, v2.0 со Enhanced Data Rate (EDR)
  • Фрекфенциски опсег: WWAN: GSM Quad Band: 850/900/1800/1900 MHZ; UMTS/HSDPA - за Америка: 850/1900 MHz; UMTS/HSDPA - за другиот дел од светот: 2100 MHz
  • WWAN: 3.5G HSDPA, Quad-Band GPRS/EDGE
  • Поддржани индивидуални брзини за пренос на податоци: WLAN: 1, 2, 5.5, 6, 9, 11, 12, 18, 24, 36, 48 и 54 Mbps
  • Сигурност: WLAN: WPA2, WEP (40 или 128-битен), TKIP, TLS, TTLS (MS-CHAP), TTLS (MS-CHAP v2), TTLS (CHAP), TTLS-MD5, TTLS-PAP, PEAP-TLS, PEAP (MS-CHAP v2), AES, LEAP, CCXv4 сертифициран; FIPS 140-2 сертифициран
  • GPS можност: WWAN: вграден, автономен и потпомогнат-GPS (A-GPS)

Физички карактеристики

  • Димензии: 142 mm (5,6 инчи) x 66 mm (2,6 инчи) ширина x 25 mm (1 инч) длабина
  • Тежина: 247,4 g (8,73 унци)

Корисничко окружување

  • Температура на чување: од -40° C (-40° F) до 70° C (158° F)
  • Работна температура: од -10° C (14° F) до 50° C (122° F)
  • Влажност: од 5% до 95% некондензирана релативна влажност
  • Топлотен удар: од -40° C (-40° F) до 70° C (158° F) при брз премин
  • Отпорност на паѓање: повеќератно паѓање од 1,8 m (6 стапки) според воениот стандард (MIL-STD) 810G
  • Отпорност на превртување: 250 пати од 0,5 m (1,65 стапки) висина, што е споредливо со 500 едноподруго паѓања
  • Отпорност на светлина во работно окружување: поднесува вообичаено внатрешно осветлување - флуоросцентно, LED, сијалици со влакна, со живини или натриумови пареи, со јачина 4844 лукси (450 Ft Candles), како и природна надворешна (директна сончева) светлина со јачина 86.111 лукси (8000 Ft Candles)
  • Електростатично празнење (ESD): ± 15 kV воздух, ± 8 kV допир, ± 2 kV индиректно
  • Степен на IP заштита: IP64

Брошури и поддршка

Категорија: Windows