Motorola Symbol ET1

Категорија: Android

Барате вистински таблет од бизнис класа кој можете да го користите на секое место? Motorola Symbol ET1 ви нуди сè што ви е потребно - од сигурност и издржливост, до флексибилност и управливост. Со WLAN или WWAN поврзливост, можете да сметате дека ET1 на вашата работна сила ќе и’ испорача информација која и’ е потребна за да ја изврши работата, било да се наоѓа во четири ѕида, надвор или на терен.

Спецификации

Перформанси

  • Процесор (CPU): двојадрен OMAP4 1 GHz x2 +DSP
  • Меморија: 1GB RAM, 4GB flash плус 4GB microSD (вкупно 8GB flash меморија)
  • Влез за дополнителна меморија: до 32GB microSD кој поддржува и SD HC
  • Модули за проширување: вградена порта за проширување
  • Оперативен систем (OS): Android 4.1.1
  • Вид на екран: 7-инчен, капацитативен, 1024 x 600, 350 NIT, Corning Gorilla Glass, 30% подебел од повеќето екрани во потрошувачкиот сегмент, extra shock protection
  • Тип на допир на екран: капацитативен повеќедопирен
  • Позадинско осветлување: сензор за светло на околината
  • Можност за копчиња: Bluetooth, виртуелна
  • Поврзливост: две USB порти - 1 USB 2.0 OTG (docking конектор) и 1 USB 2.0 Host конектор (порта на модулот за проширување), HDMI out, комуникација преку подлога и порта за проширување, USB 2.0 Host преку модул за проширување
  • Можност за складирање податоци: преден фотоапарат -оптимизиран за видео соработка и услови на слаба осветленост; видео 720p; заден фотоапарат - за читање баркодови и сликање слики (8MP, автоматско изострување, кориснички прилагодлива LED флеш светилка, светло и нишан); зачувува 1D и 2D баркодови, фотографии, видео, потписи и документи
  • Напојување: WLAN - полнива, менлива батерија Smart Li-Ion 4620 mAH со брзо читање на состојбата; WWAN - полнива, менлива батерија Smart Li-Ion 5640 mAH со брзо читање на состојбата

Комуникација

  • WLAN: 802.11a/b/g/n
  • WPAN (поддршка за Bluetooth): вградена антена, Bluetooth 2.1 со Enhanced Data Rate (EDR)
  • GPS: WWAN - самостоен GPS со потпомогнат GPS (A-GPS), WLAN - самостоен GPS
  • WWAN: двоен, кориснички прилагодлив модем, работи во целиот свет со носачите на радиофрекфенции 4G/HSPA+ или 3G/EVDO со носачите на радиофрекфенции CDMA

Физички карактеристики

  • Димензии: 13,05 cm должина (5,14 инчи) x 22,4 cm (8,82 инчи) ширина x 2,5 cm (0,98 инчи) длабина
  • Тежина: WLAN - 0,63 kg (1,4 lbs), WWAN - 0,66 kg (1,45 lbs)

Корисничко окружување

  • Температура на чување: од -20° C (-4° F) до 70° C (158° F)
  • Работна температура: од -0° C (32° F) до 50° C (122° F)
  • Отпорност на паѓање: повеќератно паѓање од 1,22 m (4 стапки) висина според војниот стандард (MIL-STD) 810G
  • Степен на IP заштита: IP54

Брошури и поддршка

Категорија: Android