Handheld Algiz 10x

Категорија: Windows

Моќен и робусен таблет компјутер Handheld Algiz 10X придвижуван од напредна технологија и може да издржи захтевни временски услови и грубо ракување, што го прави совршен партнер за денешната мобилна работна сила.

Неговите силен двојадрен процесор Intel Atom N2800, SSD со капацитет од 128 GB (што преку microSD може и да се прошири) и 4 GB DDR3 RAM нудат врвни компјутерски можности, со огромен простор за чување на податоци. Го движи Windows 7 Ultimate. Algiz 10X го краси MaxView технологијата од последна генерација,со брилијантен 10,1-инчен екран чувствителен на допир, совршен за теренски професионалци на кои им е потребен голем екран за да можат подетално да ги прегледуваат картите или другите сликовни прикази. Неговиот сензор чувствителен на светлина од околината автоматски го прилагодува позадинското осветлување, поради што собирањето податоци под силна сончева светлина е исто лесно како и во затворен простор. Algiz 10X е робусен и лесен уред, тежок одвај 1,3 kg и дебел само 32 mm. Но, покрај таквите мали димензии, овој таблет е напревен да ги поднесе захтевните услови какви што се вообичаени во видови на дејности каде се извршува теренска работа. Уредот има ниво на заштита IP65 и го задоволува строгиот воен страндард MIL-STD-810G со кој се мери заштита од прашина, вода, вибрации, паѓање, екстремни температури и различни висински услови.

Спецификации

Перформанси

  • Микропроцесор: двојадрен Intel Atom N2800 1,86 GHz
  • Меморија и чување податоци: 4 GB DDR3 RAM/128 GB SSD
  • Оперативен систем: Microsoft Windows 7 Screen
  • Екран: 10,1 инч широкоекрански, 1366 x 768 пиксели со MaxView технологија
  • Тастатура: копче Power, копче Menu (управува со нивото на осветлување, гласноста и состојбата на батеријата, ги вклучува и исклучува WiFi, Bluetooth и 3G), 4+1 копче за навигација/правец (лево, десно, горе, доле и средишно Enter), три кориснички програмабилни кратенки преку кои може да се управува со 6 функции, екранска QWERTY тастатура
  • Напојување: лесно менлив двоен пакет батерии Li-Ion, стандардна батерија - 5300 mAh (39,22 Wh); батерија со проширен капацитет - 10600 mAh (78,44 Wh)
  • Поврзливост: 1 x USB 2.0 порта, 1 x 9-пинска сериска RS-232 порта, 1 x VGA, 1 x RJ45 за Ethernet 10/100/1000 LAN, 1 x струен влез за еднонасочна струја, 1 x влез за microSD, SDXC
  • Навигација: вграден u-blox GPS
  • Фотоапарат: 5-мегапиксели со LED светилка

Комуникација

  • Звучник, микрофон, влез за слушалки
  • Bluetooth v4.0
  • Преносен WWAN (опција): Gobi 3000-ready, ги поддржува следниве фрекфенциски појаси: HSPA+ 850/900/1900/2100/AWS MHz; Quad-band GSM/GPRS/EDGE - 850/900/1800/1900 MHz
  • Безжичен LAN 802.11b/g/n поддржува WEP, WPA, WPA2

Физички карактеристики

  • Димензии: 275 mm (10,8 инчи) x 171 mm (6,7 инчи) x 32 mm (1,2 инчи)
  • Тежина: 1,3 kg (2,9 lb)

Работни карактеристики

  • Температура на чување: од -40°C (-40°F) до 71°C (159°F), MIL-STD-810G, постапка 501.5, MIL-STD 810G, постапка 502.5
  • Работна температура: од -33°C (-27,4°F) до 63°C (122°F), MIL-STD-810G, постапка 501.5, MIL-STD 810G, постапка 502.5
  • Отпорност на влага: MIL-STD-810G, постапка 507.5
  • Отпорност на паѓање: 26 паѓања од 1,22 m (4 стапки) висина на бетон според MIL-STD 810G стандардот, постапка 516.6
  • Отпорност на вибрации: MIL-STD-810G, постапка 514.6
  • Отпорност на песок и прашина: IP65
  • Отпорност на вода: IP65
  • Отпорност на висина: 4572 m при 30°C

Брошури и поддршка

Категорија: Windows