Handheld Algiz 7

Категорија: Windows

Со своите перформанси Handheld Algiz 7 претставува преносен компјутер од следната генерација. Овој робусен таблет компјутер е мал, лесн и брз, со повеќекратни можности за поврзување и широк распон на функционалност.

Врвните перформанси почнуват со големата сила. Во Algizu 7 се наоѓа впечатлив Intel Atom процесор, со 1,6 GHz, огромни 128 GB SSD и 4 GB DDR3 RAM. Го придвижува врвен Windows 7 Ultimate оперативен систем, најмоќниот алат кој е на располагање на теренските корисници. Тоа значи дека ќе можете да работите со сите главни компјутерски програми како во канцеларија така и на терен. Такво ниво на перформанси е неопходно за да може да се искористат можностите кои ги нуди Algiz 7. На пример, навигација преку GPS е комплетно вградена. Кога станува збор за комуникација со други уреди, Algiz 7 нуди широк спектар можности - користење Bluetooth за краткодометна безжична комуникацијасо друга опрема или 802.11 WLAN за синхронизација со локалната мрежа. Комплетно вградена 3G антена и модем гарантира пренос на податоци со голема брзина (GSM/UMTS/EVDO).

Спецификации

Перформанси

  • Микропроцесор: двојадрен Intel Atom N2600 1,6 GHz
  • Меморија и чување податоци: 4 GB DDR3 RAM/128 GB SSD
  • Оперативен систем: Microsoft Windows 7 Ultimate
  • Екран: 7 cm широкоекрански, 1024 x 600 пиксели, TFT-LCD екран, MaxView, резистивен екран чувствителен на допир и читлив на сончева светлина
  • Тастатура: копче Power, копче Menu (управува со нивото на осветлување, гласноста и состојбата на батеријата, ги вклучува и исклучува WiFi, Bluetooth и 3G), 4+1 копче за навигација/правец (лево, десно, горе, доле и средишно Enter), три кориснички програмабилни кратенки преку кои може да се управува со 6 функции, екранска QWERTY тастатура
  • Напојување: лесно менлив двоен пакет батерии Li-Polymer, стандардна батерија - 2 x 2600 mAh (38,5 Wh); батерија со проширен капацитет - 2 x 5200 mAh (77 Wh)
  • Поврзливост: 2 x USB 2.0 порти (целосно водоотпорни, дури и кога е затворачот отворен), 1 x 9-пинска сериска RS-232 порта (целосно водоотпорна, дури и кога е затворачот отворен), 1 x RJ45 за Ethernet 10/100/1000 LAN, 1 x струен влез за еднонасочна струја, 1 x влез за microSD, SDXC
  • Навигација: вграден u-blox GPS
  • Фотоапарат: 5-мегапиксели со LED светилка

Комуникација

  • Bluetooth v2.1/v4.0
  • Преносен WWAN (опција): Gobi 3000-ready, ги поддржува следниве фрекфенциски појаси: HSPA+ 850/900/1900/2100/AWS MHz; Quad-band GSM/GPRS/EDGE - 850/900/1800/1900 MHz; CDMA EVDO Rev. A - 800/1900 MHz
  • Безжичен LAN 802.11b/g/n поддржува WEP, WPA, WPA2

Физички карактеристики

  • Димензии: 144 mm (5,56 инчи) x 242 mm (9,5 инчи) x 40 mm (1,57 инчи)
  • Тежина: 1,1 kg (2,42 lb)

Работни карактеристики

  • Температура на чување: од -40°C (-40°F) до 71°C (159°F), MIL-STD-810G, постапка 501.5, MIL-STD 810G, постапка 502.5
  • Работна температура: од -33°C (-27,4°F) до 63°C (122°F), MIL-STD-810G, постапка 501.5, MIL-STD 810G, постапка 502.5
  • Отпорност на влага: MIL-STD-810G
  • Отпорност на паѓање: 26 паѓања од 1,22 m (4 стапки) висина според MIL-STD 810G стандардот, постапка 516.6
  • Отпорност на вибрации: MIL-STD-810G, постапка 514.6
  • Отпорност на песок и прашина: IP65
  • Отпорност на вода: IP65
  • Отпорност на висина: 4572 m при 30°C

Брошури и поддршка

Категорија: Windows