Handheld Algiz XRW

Категорија: Windows

Handheld Algiz XRW претставува револуционерен исчекор на полето на преносни компјутери. Овој робусен преносен компјутер ги спојува перформансите досега невидени на терен со тенкиот, лесен и компактен дизајн единствен на пазарот.

Пред сè, Algiz XRW ја гарантира продуктивноста која ви е потребна. Има комплетна тастатура и 10,1-инчен екран чувствителен на допир, со MaxView екранската технологија. Во уредот се наоѓаат брз и моќен двојадрен процесор Intel Atom, со 1,6 GHz, solid state disk со капацитет 128 GB и 4 GB DDR3 RAM, а го придвижува Microsoft Windows 7 Ultimate, токму како и вашите персонални компјутери во канцеларија. Но, за разлика од нив, Algiz XRW ви овозможува својата работа да ја завршите на терен и тоа во скоро какви било работни услови. Овој вешт извршител нуди врвна робусност и отпорност. Ознаката XRW (eXtreme Road Warrior) означува екстремен друмски воин или, поинаку кажано, незапирлив теренски работник, што овој уред секојдневно го потврдува во праксата. Неговата тастатура и допирна плоча се осветелени со две LED светла и се целосно запечатени, а целиот уред е заштитен со ниво на заштита IP65 - од песок прашина и вода. Algiz XRW го задоволува строгиот воен стандард MIL-STD-810G со кој се мери отпорност на влага, вибрации, паѓање и екстремни температури. Покрај своите сестрани способности, овој робусен кпмјутерски алат доаѓа во зачудувачки мал пакет - компактен и тенок, тежок само 1,6 kg.

Спецификации

Перформанси

  • Микропроцесор: двојадрен Intel Atom N2600 1,6 GHz
  • Меморија и чување податоци: 4 GB DDR3 RAM/128 GB SSD
  • Оперативен систем: Microsoft Windows 7
  • Екран: 10,1 инч LED, чувствителен на допир, 1366 x 768 пиксели со MaxView технологија
  • Тастатура: тастатура со допирна плочка осветелена со две LED светла, јазчини можности: англиски, француски, шпански, италијански, германски и нордиски јазици
  • Напојување: 1 x 5200 mAh (57,72 Wh)
  • Поврзливост: 2 x USB 2.0 порти, 1 x 9-пинска сериска RS-232 порта, 1 x VGA, 1 x RJ45 за Ethernet 10/100/1000 LAN, 1 x струен влез за еднонасочна струја, 1 x влез за microSD, SDXC
  • Навигација: вграден u-blox GPS
  • Фотоапарат: 2-мегапиксели со автоматско изострување

Комуникација

  • Звучник, микрофон
  • Bluetooth v2.0
  • Преносен WWAN (опција): Gobi 3000-ready, ги поддржува следниве фрекфенциски појаси: HSPA+ 850/900/1900/2100/AWS MHz; Quad-band GSM/GPRS/EDGE - 850/900/1800/1900 MHz
  • Безжичен LAN 802.11b/g/n поддржува WEP, WPA, WPA2

Физички карактеристики

  • Димензии: 260 mm (10,2 инчи) x 178 mm (7 инчи) x 40 mm (1,6 инчи)
  • Тежина: 1,6 kg (3,5 lb)

Работни карактеристики

  • Температура на чување: од -40°C (-40°F) до 71°C (159°F), MIL-STD-810G, постапка 501.5, MIL-STD 810G, постапка 502.5
  • Работна температура: од -33°C (-27,4°F) до 63°C (122°F), MIL-STD-810G, постапка 501.5, MIL-STD 810G, постапка 502.5
  • Отпорност на паѓање: 26 паѓања од 1,22 m (4 стапки) висина на бетон според MIL-STD 810G стандардот, постапка 516.6
  • Отпорност на вибрации: MIL-STD-810G, постапка 514.6
  • Отпорност на песок и прашина: IP65
  • Отпорност на вода: IP65

Брошури и поддршка

Категорија: Windows